Вклучи се – Побарај гласно
ЗА НАС
ЗА ПРОЕКТОТ
“ВКЛУЧИ СЕ – ПОБАРАЈ ГЛАСНО!“
Проектот „Вклучи се – побарај гласно!“ на НСРР – Национален совет за родова рамноправност и АГОРА – Центар за промовирање граѓански вредности, е поддржан во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.
Региони кои ги опфаќа проектот: скопски, источен, североисточен и југоисточен регион.
Период на реализација: 09.2020 до 06.2022 година.
Вкупен буџет: 109,963 УСД
Цел на проектот е да го подобри животот на жените и да понуди поддршка во процесот на вклучување на жените и најранливите групи меѓу нив, во локалните процеси на креирање политики и буџетирање.
Посебно внимание ќе посветиме на зајакнување на женското движење и овозможување дијалог помеѓу женските локални групи и општините.
Активности:
Циклус од две обуки за јакнење на капацитетите на женски и граѓански организации што работат во областа на родова еднаквост;
Поделба на грантови на 5 женски организации за спроведување активности за мобилизација и зајакнување на жените во локалните заедници и застапување со општините.
Мрежен состанок на организациите кои ќе спроведуваат активности/добијат грантови;
Следење и техничка поддршка на организациите;
Следење на работата на општините во однос на покренати иницијативи;
Медиумска кампања за подигање на свесноста на јавноста и локалните самоуправи за потребата од родово базирано буџетирање;
Веб – онлајн платформа за врежување;
Публикација на добри пракси од работењето на терен: мобилизација, информирање, зајакнување и застапување.
Очекувани резултати:
Зајакнати капацитетите на најмалку 10 граѓански организации ;
Жените се мобилизирани и зајакнати, гласни и вклучени во локалните процеси на носење одлуки:
- најмалку 8 теренски акции развиени и имплементирани од страна на женски организации во регионите;
- најмалку 350 жени ќе учествуваат во теренските акции и активностите за зајакнување и застапување;
- најмалку 4 нови мерки донесени од локалните самоуправи за решавање на потребите на жените како резултат на иницијативите за застапување;
женските организации од планските региони предвидени во проектот вмрежени и соработката зајакната.
ЗА ПЛАТФОРМАТА
“ВКЛУЧИ СЕ – ПОБАРАЈ ГЛАСНО!“
Платформата има за цел да ја поттикне и зголеми соработката помеѓу сите организации кои работата на унапредување на женските права како и место каде женските организации ќе споделуваат и разменуваат искуства, ќе разговараат на теми важни за женското движење, теми поврзани со работењето на општините, граѓанските можности за вклучување во процесите на носење одлуки како на локално така и на централно ниво. Ќе служи како место каде ќе произлегуваат идеи и акции за застапување за промени.
За организациите:
Сојуз – Национален совет за родова рамноправност (НСРР) е национална, мултиетничка и мултигенерациска grass-root мрежа, која се стреми кон постигнување на родова рамноправност, развој, заштита на женските права и мир.
Националниот совет за родова рамноправност е мрежа во која членуваат околу 116 локални формални и неформални женски организации, групи и локални женски јадра, од урбани и рурални средини во државата.
НСРР е формирана во октомври 1994 и израсна во една од најголемите женски мрежи во Македонија. Членки на мрежата се жени со различна етничка, културална, социјална, статусна и возрасна позадина. Со своите активности НСРР промовира култура на мир и ненасилство, учествува во политичкото и економското јакнење на жените, се залага за поголемо вклучување на жените од руралните средини и маргинализираните групи, учествува во унапредувањето и подобрување на политиките за заштита од родово базираното насилство, и се залага за сè она што се подразбира под родова еднаквост и рамноправност.
Визија: Постигнување на родовата рамноправност за подобро и поправедно општество
Мисија: Подобрување на статусот на жените и зголемено влијание на родово политичките, економски и социјални трендови во Македонија, преку креирање нови односи во општеството, вклучување на родовиот концепт во законите на државата и усогласување со европските стандарди, зголемувајќи го учеството на жените во јавниот живот, политиката и одлучувачките структури, застапување базирано на докази, борба против дискриминацијата и родово базираното насилство.
Во рамките на Националниот совет за родова рамноправност функционира бесплатна национална мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство.
Здружението на граѓани „АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности“ Скопје е доброволна, невладина, непартиска и непрофитна организација која работи на национално ниво во Македонија основана во 2001 година. Со седиште во Скопје. Визијата на оваа организација е успешен демократски напредок на луѓето и заедниците. Целта на АГОРА е развој на демократското општество преку унапредување на локалните заедници и граѓанскиот сектор преземајќи активности за зајакнување на родовата еднаквост, добро управување и економскиот развој во Македонија и пошироко.
Здружението на граѓани „Агора“ е основано на 25.10.2001 година и на 10.12.2001 година беше запишано во регистарот на здруженија на граѓани и фондации во Основниот суд Скопје 1, Скопје. Во септември 2015 година беше извршена пререгистрација со цел проширување на мисијата ни дејноста на здружението.
Мисијата на здружението е јакнење на сите општествени чинители и промовирање процеси кои ќе доведат до развој на демократското општество.
Здружението ги остварува следните цели и задачи:
- Промовирање на родовата еднаквост преку истражувања, застапување и активности за воведување на принципот на родова еднаквост во сите сфери на општественото дејствување,
- Промовирање на партиципативни методи за донесување одлуки во институции и организации на сите нивоа,
- Поддршка на локалниот економски развој преку обуки, вмрежувања и техничка помош,
- Промовирање на напредни идеи и вештини поврзани со реализацијата на главните цели и задачи на Здружението,
- Развивање значајна мрежа на професионални и деловни контакти меѓу сите чинители кои работат на прашањата со кои се занимава организацијата.