Во втората фаза од проектот „Вклучи се – Побарај гласно“, беше отворен повик за финансиска поддршка, со цел локални женски и граѓански организации, да спроведат акции за зајакнување и мобилизација на жените и нивно активно учество во донесување на одлуки во локалната заедница во општини од скопскиот, југоисточен, источен и североисточен плански регион. Право за аплицирање имаа организации регистрирани во тие региони.
На повикот беа пријавени девет локални организации, кои беа дел од евалуацијата од страна на евалуациона комисија. На пет организации кои целосно ги исполнија критериумите им беше одобрена финансиска поддршка за реализација на теренски активности за застапување и вклучување на родовата перспектива во локалните процеси на донесување одлуки, во период од 1 година.
Организации кои ќе работат на мобилизирање и јакнeње на жените да бидат гласни и вклучени во локалните процеси на донесување одлуки се:
- Организација на жени ,,Мајка” – Куманово, активностите ќе ги спроведува со жени од селата Пчиња и Табановце во Општина Куманово.
- Организација на жени Струмица – Струмица, ќе работи во градот Струмица и две населени места – Просениково и Куклиш.
- Организацијата ,,ЕХО” – Штип, опфаќа работа со жените од општина Штип и пригратските населби
- Женска акција – Радовиш, спроведува активности во Јаргулица – Општина Радовиш и во Конче – Општина Конче
- Организацијата ,,Черење” – Штип, со активностите опфаќа жени од ромски заедници од Штип и општина Кочани.
Секоја од организациите преку разни активности, ќе работи на мобилизација и создавање на критична маса од жени кои влијаат при донесување на одлуките и планирање на буџетот, преку предлози произлезени од потребите на жените од заедницата во која живеат.