Со цел жените да ги изразат своите мислења со самодоверба и да влијаат на квалитетот на управувањето и процесот на донесување одлуки во нивните заедници, потребно е да се работи на нивно зајакнување. Проектот „Вклучи се – Побарај гласно“ преку соработката со петте одбрани, локални женски граѓански организации има цел да ги поттикне жените од локалните заедници да се мобилизираат и зајакнат, да бидат гласни и вклучени во локалните процеси на донесување одлуки и општинските буџети.
Во овој контекст, една од партнерските организации „Мајка“– Куманово отпочна со спроведување на активности во поглед на реализација на нивниот проект „Жени гласноговорнички“.
Проектниот тим на „Мајка„ оствари средба со потенциални локални лидерки од с. Пчиња и с. Табановце за време на кои беа претставени активностите, целите на проектот, како и која би била улогата и задолженијата на локалните лидерки.