Одржана дводневна работилница во Куманово

На 25 и 26 ноември во просториите на општина Куманово ХЗ „Мајка“ одржа дводневна работилница за изработка на Програмата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за 2023/25 година и план за работа за 2023 година. На работилницата учествуваа претставници од КЕМЖМ, општинската администрација и жени од локалните заедници.
Одржана еднодневна работилница во Куманово

На 01.11 (вторник) во Куманово, од страна на ХЗ „Мајка“ беше одржана еднодневна работилница. На работилницата се разговараше за родовиот концепт, родово одговорно буџетирање како и рамката за родова анализа. На работилницата присуствуваа: членови на КЕМ, Претседателката на Совет на Општина Куманово и жени од локални заедници со кои тие континуирано работат ( Пчиња, Табановце, […]
Средба со жените ромки од Штип

Во Штип на 13.10, се оддржа средба со група на активни жени ромки од Штип во поддршка на здружението „Черења“. На работната средба учесничките ги дефинираа локалните приоритети од родова перспектива, кои ќе ги поднесат до општина Штип, со цел да станат дел од програмите и буџетите за 2023 година.
Средба со жените во Штип

На 26 септември во Хотел Изгрев се одржа средба со жените од општина Штип. На средбата се разговараше за предизвиците и проблемите со кои се соочивуваат жените и можните решенија.
Еднодневна работилница за јакнење на капацитетите за родова еднаквост во с.Босилово

На 23 септември во просториите на Едукативниот центар во Босилово беше спроведена еднодневна работилница на тема „Јакнење на капацитетите за концептот на родовата еднкавост“, на која присуствуваа 9 учеснички, од кои 4 активни жени од Босилово и претставници на локалната самоуправа – координаторката за еднкави можности на општината и советничките кои се членови на КЕМЖМ […]
Средба со координаторка за еднакви можности и со членови на КЕМЖМ

На 21.09 во просториите на Едукативниот центар во општина Босилово се одржа средба на која учествуваа координаторката за еднакви можности на општината и пет члена на Комисијата за ЕМЖМ при Советот на општина Босилово. На средбата тие беа запознаени со планираните активности. Претставниците на локалната самоуправа изразија голем интерес за идна соработка, особено во насока […]
Средба со жени од село Босилово

На 19.09 беше одржана средба со локални лидерки и активни жени од с.Босилово. На средбата ОЖ Струмица ги информираше за планираните активности и беа договорени начелни термини за спроведување на активностите.
Втор состанок на жените ромки во Штип

Локални активности на Женска акција – Радовиш

Женска акција – Радовиш спроведе локални активности со кои ги идентификуваат потребите на жените во општина Конче, во рамките на проектот побарај промена, и проектот Вклучи се-Побарај гласно!
Отворен ден во Штип “ТИ МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ ПРОМЕНА ВО ТВОЈАТА ЗАЕДНИЦА“

Отворен ден во Штип “ТИ МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ ПРОМЕНА ВО ТВОЈАТА ЗАЕДНИЦА“ во организација на ЕХО, како дел од проектот “ВКЛУЧИ СЕ ПОБАРАЈ ГЛАСНО“ Отворениот информативен ден кој се одржа на 8.6.2021 год. во Штип имаше за цел да ги поттикне жените од Штип да ги изнесат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во […]