На 16.08.2021 год. во дворот на Манастирот Св. Ѓеоргиј во с.Ораовица, општина Радовиш се одржа средба со дваесетина жени и локални аниматорки од с.Ораовица во рамките на проектот „Побарај промена“.
Учесничките воочија повеќе проблеми со кои се соочуваат жените во с. Ораовица и дефинираа листа на проблеми. Притоа беше направена и приоритизација на проблемите, со цел нивно застапување пред локалните власти за нивно вклучување во програмите и буџетот на општина Радовиш.








