Настанот е организиран на иницијатива на жените од с.Пчиња, бидејќи постоечкиот мост не беше ограден и претставуваше опасност за децата кога одат на училиште. Акцијата траеше два дена на 26-27.09.2021. со учество на повеќе жени, мажи и деца од селото, како и претставнички на Х.З. “Мајка” – Куманово. Се собираше отпад, расчистување на мостот и околу него и реката, бојадисување и оградување со заштитна мрежа, со средства предвидени во проектот. На настанот беа поделени и торбички од кампањата “БИДИ ЈАСНА И ГЛАСНА” и освежување. Од спроведената акција придобивка имаат сите од селото, но особено жените чии деца го користат мостот за одење на училиште. Директорката на училиштето изрази голема благодарност кон учесничките во акцијата и решавање на овој долгогодишен локален проблем.