Организација на жени Струмица, во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Струмица, на 29.11.2021 год. организираше дебата, на која се презентираа приоритетните барања на жените од Струмица и околните општини. Дебатата беше со цел жените да добијат повратна информација од градоначалникот и општинската администрација за нивните поднесени барања и решавање на проблемите и потребите на жените со кои тие секојдневно се соочуваат. Барањата за приоритетните потреби на жените беа поднесени до општината во претходните месеци.
На дебатата зема учество и новиот градоначалник на Струмица, г-дин Костадин Костадинов и одговорните лица.
Ефективно и значајно учеството на жените во креирање на локалните политики, поттикнува поголема соработка на граѓаните/ките со локалната самоуправа и задоволување на нивните потреби.