Најави се

Регистрација

Профил

“ВКЛУЧИ СЕ – ПОБАРАЈ ГЛАСНО!“

Средба со градоначалникот на општина Конче

На 2.12.2021год. жените од село Конче одржаа работна средба со градоначалникот на општина Конче г-н Златко Ристов.
На средбата тие ги презентира предлог барањата за решавање проблемите со кои се соочуваат и приоритетите кои беа утврдени преку партиципативно истражување, како и на нивните локални средби. Целта на овие заложби на жените, е да направат промени во своите заедници и да го подобрат животот на жителите, особено на жените кои секојдневно се соочени со големи предизвици. Се очекува дел од овие предлог барања да бидат разгледани од надлежните служби во општината и истите да бидат инкорпорирани во Програмите и Буџетот на општината за 2022 година. На средбата присуствуваше и координаторката за еднакви можности г-ѓа Тинка Ангелова, која ја презентираше Програмата за еднакви можности, досегашните постигнувања и чекорите кои ќе бидат превземени во 2022 година.

“Женска акција” овие активности ги спроведува во рамките на проектот  Спроведување на теренски иницијативи за зајакнување и зголемено учество на жените во процесите на донесување одлуки „Вклучи се – побарај гласно“, проект финасисран од  UN Women Скопјe, а спроведуван од  Националниот совет за родова рамноправност во партнерство со “АГОРА” – Центар за промовирање граѓански вредности.

На средбата пред градоначалникот беа презентирани и наодите, заклучоците и препораките од процената на потребите за помош и поддршка на жени жртви на насилство кои ја напуштиле насилната средина од Радовиш и Конче, изработена од организацијата ‘Женска акција’. Во таа насока се разменија искуства околу услугите кои ги нуди Општина Конче, за оваа ранлива категорија и нивно унапредување.

     

     

Сподели:

Повеќе објави

Средба со жените ромки од Штип

Во Штип на 13.10, се оддржа средба со група на активни жени ромки од Штип во поддршка на здружението „Черења“. На работната средба учесничките ги

Средба со жените во Штип

На 26 септември во Хотел Изгрев се одржа средба со жените од општина Штип. На средбата се разговараше за предизвиците и проблемите со кои се