На 12.11.2021 год. група на жени учеснички на работилниците организирани во рамките на “БИДИ ЈАСНА – БИДИ ГЛАСНА” имаше состанок со градоначалникот на општина Штип г-дин Иван Јорданов. На состанокот беа презентирани барањата за решавање на приоритетните проблеми кои жените Ромки ги одредија на состаноците и работилниците организирани од “Черење” во рамките на проектот “Жените ромки знаат како”.
Приоритетен проблем за решавање, за кое е поднесено барање до општината е асфалтирање и уредување на улицата “Черења”. Жените ромки од Штип кои живеат во ромскoто маало имаат потреба од асфалтирање на улиците, кои после дожд се полнат со вода и кал. Оваа состојба им го отежнува пристапот до централното градско подрачје, го отежнува пристапот на децата до училиште како и одржувањето на хигиената во домовите која секогаш е товар на жените.