На 30.01.2022год. беше одржана средба и со жените од работниот тим во селото Пчиња. На средбата се дискутираше за сработеното во 2021 година, и нивните барања опфатени во буџетот на Општина Куманово за 2022год. како и за идни активности. Во буџетот вклучени се следните нивни барања:
- Изработка на техничка документација за прочистителна станица за вода во село Пчиња
- Реконструкција на улици во село Пчиња (крак 1 и 2)
- Реконструкција на подрачното училиште ООУ „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња