Најави се

Регистрација

Профил

“ВКЛУЧИ СЕ – ПОБАРАЈ ГЛАСНО!“

Работилница за размена

На 28-29 октомври 2021 год. во Скопје, претставнички на невладини организации од Северна Македонија и Албанија се сретнаа на дводневната работилница за размена, организирана за да ги собере претставничките на ГО кои работат на иницијативи, поддржани од UN Women за зајакнување на жените и зголемување на учеството на жените во одлучувањето во Северна Македонија и Албанија. Настанот имаше за цел да обезбеди можност за размена на знаење и докажани практики на ГО и локалните организации, за влијание врз креирање на  локалните политики и буџети, преку партиципативни процеси и иницијативи предводени од жени.

На работилницата помеѓу ГО од Албанија и Северна Македонија, во организација на UN Women Скопје, беа презентирани проектите  за зголемување на учеството на жените во локалните процеси на донесување одлуки. На настанот покрај презентација и на добри практики,  дискусиите поврзани со алатките за застапување и вклучување на приоритетите на жените во локалните програми и буџети, овозможија размена на искуства од спроведување на проектни активности за вклучување и зајакнување на жените за нивно зголемено учество во локалното креирање на политики и буџетски процеси. Работилницата беше завршена со дискусија фокусирана на размена на идеи за идни заеднички иницијативи. Беше договорено да се организира последователна размена на посета во Албанија која ќе биде фокусирана на размена на искуства и практики меѓу жените од заедницата од двете земји. Се очекува дека овој вид на активности ќе ги зајакне жените и ќе ги мотивира уште повеќе да земат активно учество во локалните процеси на одлучување.

На настанот учествуваа претставнички на: UN Women канцеларија Северна Македонија, UN Women канцеларија Албанија, Национален совет за родова рамноправност, АГОРА, Акција здруженска, “Today for the Future” Network for community development- Albania, GRB Programme Specialist, Europe & Central Asia Regional Office.

Оваа работилница за размена организирана е од: UN Women office in North Macedonia and UN Women office in Albania, со поддршка преку следните проекти:

  • “Promoting Gender Responsive Policies and Budgets: Towards Transparent, Inclusive and Accountable Governance in the Republic of North Macedonia”, funded by the Swiss Agency for Development and Cooperation and the Swedish International Development Cooperation Agency – Sida.
  • “Gender Sensitive Post-Earthquake Recovery and Reconstruction” project, funded by Government of Sweden, through the UN Albania SDG Acceleration Fund.
  • Regional project “Transformative Financing for Gender Equality towards more Transparent, Inclusive and Accountable Governance in the Western Balkans” financially supported by the Swedish International Development Cooperation Agency – Sidа

      

       

       

Сподели:

Повеќе објави

Средба за сработеното во с.Пчиња

На 30.01.2022год. беше одржана средба и со жените од работниот тим во селото Пчиња. На средбата се дискутираше за сработеното во 2021 година, и нивните

Средба со градоначалникот на општина Конче

На 2.12.2021год. жените од село Конче одржаа работна средба со градоначалникот на општина Конче г-н Златко Ристов. На средбата тие ги презентира предлог барањата за решавање проблемите со кои