Во рамките на проектот “Жените Ромки знаат како”, беше одржана информативна работилница за функционирањето на локалната самоуправа, како и едукација за поднесување на иницијативи до локалната самоуправа за решавање на приоритетни проблеми во заедницата. Во текот на работилницата беа одредени и рангирани приоритетите на жените Ромки од заедницата во која живеат. Во тек е подготовка на иницијатива која ќе се поднесе до општина Штип, со цел истата да биде планирана во буџетот на општината за 2022 година.