Предложените активности на ЕХО кои беа аплицирани на Јавениот повик за предлог активности од зруженија и фондации до Општина Штип во Програмата за еднакви можности за 2022 година се прифатени и вклучени во истата, што значи, дека се обезбедени и одвоени финансиски средства во новиот буџет за нивно реализирање.
Опсегот на активностите се однесува на приоритетните области
и цели и тоа:
- Спречување на родово базирано насилство
Обезбедување на континуитет и функционалност на
мултисекторскиот интегративен пристап во обезбедувањето на неопходни
услуги за заштита на жени и девојки изложени на секаков вид насилство и
јакнење на јавната свест за нулта институционална толеранција за
насилство врз жени и семејно насилство
- Подобрување на пристапот на жените до квалитетни здравствени и социјални услуги
Унапредување на психо-физичкото здравје и
социјализацијата на жените од Општина Штип преку спортско-рекреативни и
антистрес тренинзи
Во буџетот на општина Штип за 2022 год. исто така обезбедените се и средства наменети за две родово буџетски иницијативи и тоа:
- Урбано доуредување и осветлување на пешачката патека покрај реката Брегалница (проширување на патеката, осветлување од населбата 8 Ноември до Сијногојство и поставување на детски реквизити и уредувања на спортските игралишта прилагодени за млади и деца)
- Расчистување и комунално уредување на руинирани објекти во населба Ново село (замена на оштетениот колектор кај мостот во Ново Село).
Од 5 поднесени иницијативи до општината Штип, 4 се вклучени со обезбедени финансии во буџетот на Општина Штип за 2022 год. (две поднесени како иницијативи од локално женско јадро и 2 преку ЕХО на Јавениот повик за предлог активности од зруженија и фондации до Општина Штип)