Еден од партнерите на НСРР и АГОРА, во спроведувањето на проектот ВКЛУЧИ СЕ – ПОБАРАЈ ГЛАСНО! е Женска Акција од Радовиш.
Тие во периодот на месец март-април 2020 година, идентификуваа локални лидерки кои ќе работат на терен на мобилизација на жените во Ораовица и Конче. Преку активностите на терен, Женска Акција ќе ги испитаат потребите на тие жени и ќе се обидат да ги мобилизираат во процесот на застапување пред општините.
Акциите за застапувани, предвидени во рамките на проектот ќе имаат за цел идентификуваните потреби на жените од Ораовица и Конче да влезат во програмите и буџетите на општините Конче и Радовиш во 2021 година.