На 15.10. 21 год. жените од селата Табановце и Пчиња ги предадоа своите барања во општина Куманово.
Жените од с.Табановце побараа, оспособување на постоечката водоводна мрежа за користење и доградба таму каде што ја нема, изградба на канализациона мрежа, поставување на улично осветлување во оние делови од селото каде што го нема, изградба на тротоари и поставување сигнализација на главниот пат кој минува низ селото, и враќање на стариот возен ред на јавниот превоз.
Жените од с. Пчиња побараа: изградба на водоводна мрежа и канализација, изградба на тротоари на патот кој минува низ селото, одржување на уличното осветлување и организирано собирање на смет.
Во текот на подготовката на барањата жените поминаа процес на подготовка на план за застапување и содржина на барањата. Упорност и трудот на женските групи резултираше со поднесувањето на барањата до општина Куманово. Сите барања се засновани на реалните потреби на жени но и потребата на целите локални заедници.
Во понатамошните активности предвидено е да се достави барање до градоначалникот и раководителите на релевантните сектори за средби каде жените ќе имаат можност дирекно да ги застапуваат барањата.