Отворен ден во Штип “ТИ МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ ПРОМЕНА ВО ТВОЈАТА ЗАЕДНИЦА“ во организација на ЕХО, како дел од проектот “ВКЛУЧИ СЕ ПОБАРАЈ ГЛАСНО“
Отворениот информативен ден кој се одржа на 8.6.2021 год. во Штип имаше за цел да ги поттикне жените од Штип да ги изнесат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневниот живот, а се во надлежност и може да ги реши локалната самоуправа.
Настанот послужи и за екипирање на женски активистки кои во соработка со ЕХО ќе работата на подготовката на родово буџетски иницијативи и заеднички ќе застапуваат истите да бидат финасиски планирани во идниот буџет на Општина Штип.
На настанот 63 жени пријавиле проблем, 17 од нив сакаат да се вклучат во акциите за застапување пред општината Штип. Настанот и штандот беше посетен вкупно од над 100 жени и други граѓани.