Најави се

Регистрација

Профил

“ВКЛУЧИ СЕ – ПОБАРАЈ ГЛАСНО!“

ЕХО од Штип спроведени 200 теренски анкети за испитување на потребите на жените

Едукативно-хумантирната организација ЕХО од Штип  започна со спреоведување на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивна и одговорна општина“ во рамките на проектот ВКЛУЧИ СЕ, ПОБАРАЈ ГЛАСНО! во партнерство со НСРР – Национален совет за родова рамноправност и АГОРА – центар за промоција на граѓански вредности, финансиски поддржан од канцеларијата на UN Women во Скопје.

Прва спроведена активнсот беше тереско истражување меѓу жени од 8 различни населби во општина Штип.

Беше реализирана средба со анкетарките кои беа задолжени за теренското истражување. Организирана беше мини обука на која им беа дадени упатства како да го спроведат истражувањето, дополнителни информации за кои треба да ги информираат жените и девојките што ќе ги интервјуираат како и насока како потоа добиените пополнети прашалници да ги внесат во електронска форма  за понатамошна анализа.

Во периодот помеѓу 15 и 22 април беа успешнпо спроведени 200 анкети помеѓу жените во Штип. Иако во услови на КОВИД пандемија анкетирањето беше спроведено без никакви проблеми и првиот чекор за детектирање на приоритетите и проблемите на жените во општина Штип беше направен.

 

 

Сподели:

Повеќе објави

Средба со жените ромки од Штип

Во Штип на 13.10, се оддржа средба со група на активни жени ромки од Штип во поддршка на здружението „Черења“. На работната средба учесничките ги

Средба со жените во Штип

На 26 септември во Хотел Изгрев се одржа средба со жените од општина Штип. На средбата се разговараше за предизвиците и проблемите со кои се