На 10.11.2021 год. тимот на ЕХО оствари средба со Градоначалникот на Штип г-дин Иван Јорданов.
На состанокот Градоначалникот беше запознат со теренските активности на ЕХО и локалните женски јадра од неколку заедници во градот Штип, во рамките на проектот “ВКЛУЧИ СЕ-ПОБАРАЈ ГЛАСНО” .
Во фокусот на оваа средба беше, информирање и дискусија за веќе поднесените пет родово буџетски иницијативи до општината, за решавање на акутни проблеми со кои се соочуваат жените во нивната заедница.
Врз основа на позитивниот став и отвореноста за соработка на градоначалникот, ЕХО со долгогодишното искуство во мониторирање на полето на транспарентно и отчетно владеење на локалните власти, ќе продолжи да им помага на јадрата женски активистки кон остварување на нивните барања.

