Најави се

Регистрација

Профил

“ВКЛУЧИ СЕ – ПОБАРАЈ ГЛАСНО!“

Активности на Мајка Куманово

Организација Х.З,,Мајка“  Куманово во втората половина на месец мај ги спроведе следните активности:

  1.  Печатени  информативни карти
  2. Одржани средба со жени од селата  Пчиња и Табановце за презентирање на улогата и надлежностите на општината и граѓанското учество

    На 20.05.2021 година се одржа средба со жените од селото Табановце на која присуствуваа 45 жени од планираните 50 жени.

    На средбата модераторката на средбата, присутните жени ги запозна со проектот, работата на општината, што преставува буџет на општината, како се собираат пари во него, како се трошат и на кој начин тие можат да влијаат при неговото креирање. Исто така беше презентирано што е предвидено во буџетот за 2021 година за нивното село. Дискутираа и за потребите и проблемите со кои се соочуваат, секоја од присутните напиша приоритетен проблем.

На 28.05.2021 година се одржа средба со жените од селото Пчиња. Жените беа организирани во 3 групи поради почитување на  мерките за заштита од Ковид 19. Вкупно во трите групи на средбите присуствуваа 44 жени.

Исто така беа детектирани потребите и проблемите со кои жените се соочуваат.

На следната работилница ќе се направи рангирање на проблемите и ќе се изберат три на кои ќе се работи понатаму и се  формира  тим од 15 жени кои во иднина ќе работат на застапување.

  1. Креирани се 2 facebook групи и нивно постојано дополнување

Креирани посебни facebook групи за селата Табановце и Пчиња со постојано надополнување на информации

Жени ,,Гласноговорнички“- с.Табановце

https://www.facebook.com/groups/502222604458446/

Жени ,,Гласноговорнички“- с.Пчиња

https://www.facebook.com/groups/299992621494334

 

Сподели:

Повеќе објави

Средба со жените ромки од Штип

Во Штип на 13.10, се оддржа средба со група на активни жени ромки од Штип во поддршка на здружението „Черења“. На работната средба учесничките ги

Средба со жените во Штип

На 26 септември во Хотел Изгрев се одржа средба со жените од општина Штип. На средбата се разговараше за предизвиците и проблемите со кои се